октомври 12, 2024

Во времето кога Косово се наоѓа пред финалниот договор за нормализација на односите со Србија и кога секој западен дипломат кој доаѓа во Приштина го повторува рефренот „Да се формира Заедницата на српските општини во Косово!“, прашањето што треба да се постави е зошто партиите на Албанците во Македонија, тие кои имаат општини (ДУИ, АА и Беса), не покренуваат иницијатива за основање на Заедницата на албанските општини во Македонија со истите надлежности со кои се бара да ги има Заедницата на српските општини во Косово. Ништо повеќе. Само толку, соопштуваат од Алтернатива.

„Тие што го бараат тоа од Косово се наши западни сојузници, па испаѓа дека таа заедница е во духот на западните вредности. Многу добро. Да направиме и ние во Македонија една таква заедница во тој западен дух.

Еве една кауза врз која може да се соединиме сите албански партии, дури и Алтернатива, која нема своја општина.

Да ја започнеме уште денес Заедницата на албанските општини во Македонија. Добар реципроцитет и, воедно, европски, нели?!

Можеби на тој начин доаѓаме и кај темата на јазичен реципроцитет помеѓу албанскиот јазик во Македонија и српскиот јазик во Косово“, стои во соопштението.

The post Гаши: Да направиме заедница на албански општини во Македонија appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK