октомври 12, 2024

Емрах Михтароски, внук од сестра на актуелниот градоначалник на општина Пласница и основач на „Пуцко петрол“, Алија Јаоски, се најде меѓу многуте имиња на правници кои го положија завршниот испит на Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО).

Михтароски се најде на 52 место од 57 кандидати на конечната листа на изборот дали некој кандидат ќе биде судија или јавен обвинител, откако успеал да освои 53.97 поени. На писмениот дел од тестот, Михтароски добил оцена 5.50 а на усниот дел бил оценет со 1.98.

Тој во иднина ќе биде јавен обвинител во она апелациско подрачје каде што, според планот за вработување јавни обвинители, ќе има најголема потреба од тоа.

Инаку Михтароски е дипломиран правник кој во ноември 2022 година докторирал на правниот факултет при УКИМ во Скопје на тема „Создавањето на сопственичката структура и положбата на малцинските акционери во корпорациите“.

The post Внукот на газдата на „Пуцко Петрол“ ќе биде иден обвинител appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK