октомври 12, 2024

МАРСОВЦИ И МАКЕДОНЦИ. Некои умно-умни глави упорно ја форсираат тезата дека ако Бугарите се вметнеле во Уставот ќе се обезбедела јасна дистинкција меѓу Македонците и Бугарите. Односно, тоа би значело дека се различни народи/нации. Инаку, зошто би се спомнувале? Следејќи ја оваа логика, дојдов до следниот „предлог/решение.“

Во Уставот да се набројат (без исклучок!) сите живи и мртви нешта за да можат Македонците да се разликуваат од сите живи и мртви нешта. Од друга страна, можеби во космосот постојат и Марсовци. Затоа, и тие да се опфатат, бидејќи Марсовците би можеле да имаат свои аспирации кон Македонците, како кон неосвестени Марсовци, несвесни за своето марсовско потекло, историја, традиција, јазик. Значи, сè живо и мртво (може и диво!) да се вметне во Уставот, како неопходен услов за влез во ЕУ. Потоа, што биде, нека биде. Само така, почитувани, се гради држава.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK