октомври 12, 2024

Мицкоски денеска од Велес изјави дека власта поради криминалите прави дефокус со тоа што излегува со тврдење дека ВМРО-ДПМНЕ изјавувало дека пролетва ќе обезбедело парламентарно мнозинство по што ќе се одело на предвремени парламентарни избори.

Мицкоски демантира дека тврдел оти пролетва ќе имало предвремени избори
АЛАРМ НА ЗАПАД | Кина е на чекор од испорачување на дронови и муниција на Русија
Пеп: Престанете да го критикувате Халанд, тој не е Меси (ВИДЕО)
Нова морничава дрога се шири во Америка: Ги претвора луѓето во зомби, сега е откриена и во Њујорк
ХЕРОЈСКИ СКОКНА НА КРОКОДИЛОТ ДА ГО ОДБРАНИ КУЧЕТО: Се бореше за животот на својот миленик! (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Како зборуваше Мицковски пред само 2 месеци:

„Молам за трпение за да го истераме овој процес. Краен датум за предвремени избори се 14 и 21 мај. Што значи, втората половина на јануари, првата половина на февруари ќе се знае каква е ситуацијата. Конечно можеме да зборуваме за 61 пратеник за распуштање на Собранието, ако во меѓувреме тие немаат притисок“,

Пред само два месеци на 30-ти декември лидерот на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски кажа дека има мнозинство од 61 пратеник кои се подготвени да гласаат за недоверба на Владата.

Во денешната изјава тој има нов вокабулар во однос на владата, ја нарекува „Владата на ДУИ поддржана од СДСМ“. Тврди дека ткивото на корупцијата е во ДУИ, за која смета, а и ја посоветува, дека по 20-годишно владеење е здраво да замине во опозиција.

„Има пратеници во Владата на кои даваат јасни сигнали да се стави крај на оваа влада на ДУИ поддржана од СДСМ. Даваат сигнали во моментов, да поддржат недоверба на Владата, потоа и распуштање на Парламентот и да се организираат нови предвремени парламентарни избори. Не можам да зборам за повеќе детали со оглед на тоа што имаме комплетно дуизирано обвинителство и сдсмизирано судство, кои со органите на прогонот ќе вршат притисок врз овие луѓе“, кажа денеска Мицкоски.

Според него, мотивот за тоа охрабрување на пратеници од владејачката коалиција е вистинска борба против корупцијата.

„Молам за трпение за да го истераме овој процес. Краен датум за предвремени избори се 14 и 21 мај. Што значи, втората половина на јануари, првата половина на февруари ќе се знае каква е ситуацијата. Конечно можеме да зборуваме за 61 пратеник за распуштање на Собранието, ако во меѓувреме тие немаат притисок“, остави резерва Мицкоски.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK