ноември 22, 2024

Доктор Нико Беќаровски на социјалните мрежи ја објави табелата направена од Рефлектор за бројот на вработен медицински персонал во болниците на 100.000 жители. Македонија за жал е на дното со 705 вработени.

Д-р Беќаровски напиша:

– Следниот пат кога ќе пцуете дека нема слободен термин за преглед во болниците, дека нема кој да им подаде гуска или лопата на болните, дека медицинската сестра брзо ја пушта инфузијата со лекови, ПОТСЕТЕТЕ СЕ НА ОВАА ТАБЕЛА.

За жал во изминативе две години овој број од 705 е паднат далеку под седумстотини и секојдневно драстично паѓа.

Со ваков однос кон здравствениот работник во најскоро време, во Македонија ќе има повеќе рисови по планините од медицински сестри и доктори во јавните здравствени установи.

А во вакви услови, никој и од никаде нема да дојде да работи место нас.

Инаку, една од главните причини поради која се повеќе здравствените установи остануваат без доктори и медицински персонал се ниските плати. Во изминатите три години над 2000 доктори заминале во странство, а во речиси истиот период заминале над 5000 медицински сестри и персонал.

The post Д-р Нико Беќаровски: Следниот пат кога ќе пцуете дека нема термини, потсетете се на оваа табела appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK