ноември 22, 2024

Соопштение од Општина Аеродром, реакција на соопштение на СДСМ

„Неопходно е СДСМ итно да престане да шири лажни вести во јавноста. Граѓаните знаат дека политичката партија на власта има афинитети само за криминал, корупција и сиромаштија и секое нивно соопштение е обид за манипулација на јавноста, но и одвлекување на вниманието од актуелните политички проблеми со кои се соочува државата.Политичката партија која ја сруши целата држава, денес говори за еден проблем чие решавање е целосна надлежност на Државниот градежен инспекторат, кој е државна институција на централно ниво.

Проблемот за кој тие денес говорат е проблем за кој општината веќе има постапено, но за отстранување на спорната градба, во овој момент потребно е да постапи Државниот градежен инспекторат, кој и покрај две писмени ургенции упатени од наша страна се уште нема преземено мерки.

Зошто тие не постапуваат по ваквите предмети, е прашање кое СДСМ треба да го упати до директорот на оваа институција, кој доаѓа од коалицијата со ДУИ, а е поддржан од страна на СДСМ.

Наместо да лиферуваат лажни вести, СДСМ треба да почне да ги решава проблемите. Затоа што најголемиот дел од нерешените проблеми во  Аеродром се токму надлежност на неспособната влада и нефункционалните институции предводени од кадри на СДСМ и политички партии кои се во коалиција со оваа партија.

Општината Аеродром, како и до сега останува отворена и фокусирана на решавање на проблемите на граѓаните. Секоја лажна вест и дезинформација е само обид за создавање лажна слика за проблемите во државата, злоупотреба на медиумите со лажни и целосно неточни информации.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK