САД ја предупредија Кина на сериозни последици доколку обезбеди оружје за руската инвазија на Украина.
ЌЕ ЈА ПЛАТАТ ЦЕНАТА: Америка ја предупреди Кина дека ќе претрпи СЕРИОЗНИ ПОСЛЕДИЦИ ако испорача оружје на Русија
Вашингтон и сојузниците во НАТО се обидуваат да ја одвратат Кина од воена помош за Москва, бидејќи се сомневаат дека Пекинг размислува да обезбеди оружје, вклучително и беспилотни летала.
„Пекинг ќе мора да донесе одлуки за тоа како да продолжи, дали ќе обезбеди воена помош, но ако оди по тој пат, ќе плати цена“, изјави за Си-Ен-Ен советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан.
Тој додаде дека Кина не ја презела опцијата да испрати оружје „надвор од масата”. Приказните за наводната вмешаност на Кина доаѓаат по првата годишнина од војната во Украина и пред подготовките на Киев за контраофанзива со ново западно оружје што се очекува да пристигне, пишува Гласот на Америка.
Пекинг одбива да го осуди нападот на Москва врз Украина, а последен пат тоа го стори на состанокот на Г-20 во Индија во саботата.
Кина го објави својот предлог за крај во петокот, на првата годишнина од војната во Украина, но понудата не беше поддржана од сојузниците на Киев.
Следете не, не има насекаде