Производителите на леб донеле заедничка одлука да го прекинат производството на леб и да ги остават граѓаните без леб првиот ден по објавувањето на одлуката за замрзнување на цената на лебот во Службен весник.
Горан Малишиќ, претседател на групација за мелничко-пекарската индустрија при Стопанската комора на Македонија по денешната средба на членките, рече дека и сега имало поевтинет леб благодарение на субвенциите за струја, но дека замрзнувањето на цената ќе предизвика прекин на нивната работа.
Производителите донесоа заклучок дека мерката има позитивен ефект, производителите ги намалија цените на лебот според висината на учеството на струјата во определување на крајната цена. На пазарот имаме разни варијации, разни тежини на леб и за населението за кое мислиме дека е социјална категорија, веќе постојат цени на леб.
Мерката на Министерството за економија ќе донесе штети од 3.000 до 15.000 евра на ден кај производителите на леб, а некои ќе затворат.
Донесовме едногласна одлука дека дента кога ќе излезе одлуката за замрзнување на цената на лебот во Службен весник, од следниот ден нема да се произведува леб и нема да се носи на пазарот.
Секоја компанија си има свои трошоци и според нив ја одредува цената. Никој не го тераме со сила да купи леб од 50 денари ако веќе постои леб од 30. Тоа е пазарна економија – рече Малишиќ.
The post Пекарите се заканија: Граѓаните ќе ги оставиме без леб ако се замрзне цената на 33 денари appeared first on Шило Магазин.
Следете не, не има насекаде