ноември 22, 2024

Најбогатиот фудбалер на светот Фаик Болкиа рече дека за еден месец потрошил 35 милиони долари. Парите ги потрошил на скапи автомобили, накити, а си земал и тигар за домашен миленик.

Пред неколку години медиумите открија дека е најбогат фудбалер, но не заради талентот кој го имал, туку затоа што е член на кралското семејство. Тој е внук на султанот од Брунеи чие богатство се проценува на околу 20 милијарди долари. Но и покрај тоа нема намера да се откаже од фудбалот.

Болкиа играше за јуниорскиот тим за Лестер, а потоа премина и во тимовите на Арсенал, Саутемптон и Члези. Но, во ниту еден од овие клубови не успеа да се наметне.

Потоа замина за Португалија, каде играше за Маритимо. Имаше мала минутажа, па на крај се пресели во Тајланд, каде игра до ден денес. Оние кои го познаваат велат дека човек ни со толку пари не може да си го купи местото во некој врвен клуб, ако за тоа нема талент.

Сепак Болкиа вели дека не е загрижен, затоа што парите кои ги има му дозволуваат да има безгрижен живот, но и покрај фудбалот му е една од најважните работи во животот. Објасни дека парите никогаш не му биле значајни.

„Што и да пишуваат медиумите за мене, не мора да е вистина. Во суштина јЈас сум едноставен човек. Имам распоред кој го почитувам секој ден и сакам се фокусирам на фудбалот. Постои и баланс во мојот живот и јасно е дека понекогаш сакам да се забавувам. Има моменти кога знам да се опуштам максимално, но сакам да потенцирам дека фудбалот ми е најважен во животот“, рече Болкиа.

„Сакам да верувам дека сум едноставен и не сакам да го покажувам јавно мојот луксуз иако факт е дека поради богатството не морам да се грижам за голем број од работите во животот. Цврсто стојам на земја, понекогаш се забавувам, но посветен сум и на тренинзите“, дополни тој.

Тој рече дека имало време кога знаел да се опушти повеќе од потребното и дека имало еден месец кога потрошил дури 35 милиони долари.

„Тогаш си купував скапи автомобили, накит и часовници. Не се штедев. Имам и тигар како домашен миленик, кој исто така ме чинеше скапо“, додаде тој.

Медиумите пишуваат и дека и покрај големото богатство кое го има, ни одблиску не може да се спореди со неговиот татко Џефри кој има 68 години и кој исто така е член во кралското семејство. Џефри поседува преку 2300 автомобили и огромна колекција на уметнички дела, накити и часовници.

Во една прилика потрошил дури седум милиони долари за тепих. Едно време со приватен авион во неговата вила го донел и Мајкл Џексон. Тогаш платил 17 милиони долари.

Болкиа признава дека неговиот стил на живот не е ни одблизу како оној на татко му, но и на повеќето членови од семејството. Доволно е да се каже дека татко му дневно троши околу 500.000 долари. Има харем со 40 жени. Има три сопруги и дури 19 деца.

Во споредба со татко му, Фаик може да се рече дека живее многу поскромно. За трансферот од Лестер во Маритимо рече дека го направил затоа што во Португалија му ветиле дека ќе игра повеќе. Сепак на крајот играл само 45 минути и тоа за вториот тим.

„Кога потпишав за Маритимо имав неколку понуди од клубови во Шпанската прва и втора лига. Но ги одбив затоа што во Мартимо ми ветија дека ќе играм подолго време. Кога тоа не се оствари се покајав. Не беа искрени со мене и затоа на крајот си заминав на Тајланд“, додаде тој.

За потсетување, во Тајланд сезонава има играно на 12 натпревари и постигнато еден гол. За репрезентацијата на Брунеи има играно на шест натпревари и исто така дадено еден гол.

The post Најбогатиот фудбалер на светот за еден месец потрошил 35 милиони долари: Трошев на автомобили, накит, а купив и тигар домашен миленик appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK