ноември 23, 2024

Британскиот пејач Род Стјуарт платил еднодневна магнетна резонанца на пациенти во локална болница. Ваквиот потег на пејачот било обид да помогне во намалувањето на списокот на чекање.

Стјуарт, кој живее во Есекс, ја посетил болницата „Принцеза Александар“ во Харлу додека се правеле скенирањата, пишува на Би-Би-Си.

Пејачот минатиот месец се јавил на телефонски на телевизија „Скај Снупс“ и понуди да плати прегледи во болницата, бидејќи тој само што се вратил од скенирање.

Националната здравствена служба (NHS), е под голем притисок по долгогодишно инвестирање и последиците од Пандемијата на Ковид-19, што предизвика штрајк на медицинскиот персоналот.

Пејачот рекол дека е смешно што се закажал преглед во празна приватна клиника за радиолошки преглед, додека толку многу други пациенти умираат затоа што не можат да извршат радиолошко снимање.

Потоа, тој понуди да плати 10 или 20 прегледи за граѓаните и изразил надеж дека другите што имаат можност да го направат и тие тоа и да го следат неговиот пример.

„Не ми треба публицитет. Само сакам да направам добри работи “, рекол тој пред да го заврши телефонскиот повик со пеење на почетните стихови на песната „Меги Меј “.

The post Род Стјуарт, за да им помогне да не чекааат, на пациенти им ги платил прегледите за магнетна резонанција appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK