октомври 13, 2024

Американскиот актер Стивен Сигал денеска беше одликуван со Орден за пријателство од рускиот претседател Владимир Путин.

„Стивен Фредерик Сигал (70) е награден за неговиот голем придонес во развојот на меѓународната културна и хуманитарна соработка“, стои во указот објавен на официјалниот интернет портал за правни информации.

Стивен Сигал во ноември 2016 година доби руско државјанство, со декрет потпишан од Путин.

Дедото од таткото на актерот, протагонист на акциони филмови, е роден во Русија, а потоа се преселил во САД во првата половина на 20 век. Во потрага по корени, Сигал отпатувал во Калмикија, Тува и Јакутија. Во август 2018 година, тој стана специјален претставник на руското Министерство за надворешни работи за хуманитарни односи меѓу Русија и САД.

The post Стивен Сигал одликуван со орден за пријателство од рускиот претседател Владимир Путин appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK