Собранието по 10-дневно заседавање на седницата за реконструкција на Владата, ноќва ги избра четворицата нови министри, по што веднаш премиерот Димитар Ковачевски даде експозе за замениците-министри.
Во истата секунда, за збор се пријавија 44 пратеници (целата опозиција), исто како за реконструкцијата на министрите.
Со 65 гласа „за“, ниеден „против“, ни „воздржан“, за нови министри беа избрани: Кренар Лога за правда, Фатмир Меџити за здравство, Азир Алиу за информатичко општество и администрација и Каја Шукова за министерка за животна средина и просторно планирање.
Тука беа и пратениците од опозицијата, во салата имаше 114 луѓе.
По кусото експозе, спикерот Талат Џафери прогласи пауза до утре (вторник) во 14 часот, со напомена дека ќе се работи подолго.
С. К. ДЕЛЕВСКА- СДК.МК
The post Со 65 гласа „за“, ниеден „против“ избрани новите министри за правда, здравство и животна средина. appeared first on Шило Магазин.
Следете не, не има насекаде