ноември 22, 2024
„Русија систематски ги крши човековите права, меѓународното право и Повелбата на ОН и голем број други обврски, напаѓа територии на други земји, извршува оружени напади, воени злосторства и геноциди…“

Пратениците во Сејм, Долниот дом на полскиот Парламент, вчера усвоија резолуција со која Русија ја прогласија за „држава спонзор на тероризмот“.

„Русија систематски ги крши човековите права, меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации и голем број други обврски, напаѓа територии на други земји, извршува оружени напади, воени злосторства и геноциди и се занимава со непријателски економски активности, особено во областа на енергетиката“, се вели во соопштението на Сејм.

Резолуцијата, исто така, ја смета Русија за „директно одговорна“ за соборувањето на летот МХ17 на „Малезија ерлајнс“ над источна Украина во јули 2014 година, при што загинаа 298 луѓе.

Исто така, резолуцијата ја обвинува Москва за падот на летот на полските воздухопловни сили во Смоленск, Русија во 2010 година, во кој загинаа сите 96 лица во авионот, вклучувајќи го и тогашниот полски претседател Лех Качински и други високи полски функционери и воени команданти на НАТО.

Според резолуцијата, руската агресија против Украина „претставува флагрантно кршење на забраната на Повелбата на ОН за употреба на сила, а исто така е кршење на суверенитетот, политичката независност и територијалниот интегритет на Украина“.

Пратениците ја повикаа полската Влада да преземе повеќе казнени мерки против Русија и да ја зајакне поддршката за Украина.

„Сејм, исто така, ја повика меѓународната заедница да развие механизам за исплата на воени репарации на Украина и компензација на држави, организации и поединци кои претрпеа загуби поради војната“, се вели во соопштението.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK