Владата на последната седница ја укина мерката за повластена цена на електрична енергија за производителите на прехранбени производи, а ја замрзна и цената на лебот.
Јас неоправдано покачување на цените нема да дозволам. Помина доволно време од донесувањето на последниот пакет мерки со кој требаше да се намалат цените. Инспекторатот утврди дека цените се намалени незначително или не се намалени воопшто. Мерката субвенционирана струја за прехрабената индустрија ја укинавме на денешната седница на Влада. Производителите на основни прехранбени производи ќе се снабдуваат со електрична енеергија согласно Законот за енерегетика, рече премиерот Димитар Ковачевски.
– Со втората одлука ја замрзнавме цената на белиот или полубел леб, сечен и на парчиња на 33 денари. За леб со тежина под 400 грама се утврдува цена под 33 денари, додаде тој.
The post Владата ја замрзна цената на лебот на 33 денари, укината субвенционираната струја за пекарите appeared first on Шило Магазин.
Следете не, не има насекаде