Филмот „Топ Ган: Маверик“, продолжува да освојува престижни награди, а на светските благајни заработи повеќе од милијарда долари. Ѕвездата на филмот, Том Круз, сега за прв пат проговори за нова средба со својот колега Вал Килмер, со кој работеше и на оригиналната продукција пред повеќе од триесет години.
„Беше многу емотивно. Го познавам Вал со децении“, рече Круз во емисијата Jimmy Kimmel Live. „Тој е толку моќен актер и во еден миг повторно стана тој лик… Го гледате Ајсмен“, додаде тој. Запрашан како поминало снимањето на сцената со него, Круз призна дека плачел.
„Плачев, бев емотивен. Тој е толку брилијантен актер и ја сакам неговата работа“, рече тој.
На Килмер му беше дијагностициран рак на грлото во 2015 година и оттогаш јавноста ретко го гледа на големото платно. Иако успеа да се врати на улогата во „Топ Ган“, за време на снимањето се соочувал со бројни проблеми.
The post Плачев додека ги снимав сцените со Вал Килмер во продолжението на „Топ Ган“, открива Том Круз appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде