ноември 24, 2024

Група мажи членови на групата Скинхеди нападнале припадник од ЛГБТ популацијата среде Белград, пренесе српски „Телеграф“. Според медиумите станува збор за дваесет и тригодишно момче со иницијали Г.У. кое било нападнато и прободено со нож кај паркот Мањеж.

„Бил со тројца. Г.У., Џ.Џ, и И.П. Г.У го нападнаа неколку насилници од групата Скинхеди. Мотивот им беше затоа што е хомосексуалец и тие не ги сакаат луѓето од оваа група“, рече извор од истрагата.

Нападот се случил околу половина час по полноќ. Нападнатиот има тешки телесни повреди по што бил префрлен на Клиника за максилофацијална хирургија. Полицијата работи на идентификација и наоѓање на напаѓачите.

 


The post Членови на групата Скинхеди се обиделе да убијат припадник на ЛГБТ заедницата во Белград appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK