ноември 21, 2024

Град Скопје заврши со изградба на улицата Христофер Жефаровиќ, проект кој беше истакнат како неопходен од страна на граѓаните, за безбедно движење на сите учесници во сообраќајот.

Пред неколку месеци имав можност во населеното место Сингелиќ, заедно со граѓаните од локалната заедница да ја посетам улицата Христофер Жефаровиќ која беше во катастрофална состојба, неасфалтирана и раскопана. Затоа посветивме внимание на барањата на жителите и ја поставивме како приоритет, за движењето на граѓаните во сообраќајот на тој потег да биде безбедно и сигурно. Со оваа одлука излегуваме во пресрет на барањата за изградба на улицата Христофер Жефаровиќ, со цел да се постигне рамномерен развој во урбаниот и руралниот дел на Скопје, вели градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска

Градежните работи на терен ги изведе Јавното претпријатие Улици и патишта, при што покрај коловозната површина од 2.400 квадратни метри се изведоа пешачки патеки oд 685 метри и површина од 1250 метри квадратни, со цел движењето на граѓаните во сообраќајот на тој потег да биде безбедно и сигурно.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK