ноември 21, 2024

Советот на Општина Карпош на денешната седница со мнозинска поддршка од советниците ја изгласа Одлуката за кофинансирање на проектот „Инвестиција во фотоволтаици, енергетска ефикасност, заштита на човековата околина“, кој ќе се реализира во основните училишта „Владо Тасевски“ и „Војдан Чернодрински“.

– Имено, локалната самоуправа од Карпош во партнерство со општините Кисела Вода, Сопиште и Зелениково ќе поднесе апликација преку Скопскиот плански регион, за добивање на грант во висина од 7.500.000 денари (за сите четири општини) од Бирото за регионален развој. Поточно, станува збор за проект кој вклучува поставување на фотонапонски модули на кровните површини во неколку основни училишта, кои се наоѓаат на територијата на горенаведените четири општини. Секако, претходно ќе биде изработен основен проект за изведба на „он-грид“ фотонапонски систем до 20 киловати, индивидуално за секое училиште, во кое ќе бидат поставени фотонапонски модули кои потоа ќе се поврзат во системот, се наведува во соопштението од Општина Карпош.

Оттаму посочуваат дека вкупната вредност на целата инвестиција вклучувајќи ја и изработката на основниот проект, се очекува да не ја надмине висината од 12.448.720 денари, додека пак вредноста за инвестирање во фотоволтаици во двете основни училишта во Карпош, ќе биде најмалку 2.400.000 денари. Во овој случај Општина Карпош ќе учествува со 1.000.000 денари, кои ќе ги кофинансира по добивање на поднесениот проект.

Советот ја поддржа и Предлог-план програмата за развој на Општина Карпош за 2023-2025 година, која е изработена согласно потребите од областа на екологијата и енергетската ефикасност. За таа цел ќе бидат преземени одредени активности за подобрување на условите на јавното осветлување на територија на локалната самоуправа. Од тој аспект, како што посочуваат од општината, се планира реконструкција на уличното осветлување преку замена на постоечките светилки, со штедливи ЛЕД светилки.

– Со реализацијата на оваа активност се предвидува во текот на наредната година да се заменат 100 отсто од вкупниот број на натриумови светилки со нови ЛЕД светилки од 35 вати. Исто така ќе бидат заменети натриумови светилки во дворните места на училиштата, додека пак рефлекторите од 400 вати инсталирани на спортските и детските игралишта се веќе комплетно заменети со ЛЕД светилки од 150 вати (вкупно 244). Очекуваните заштеди на годишно ниво се од 60 отсто до 90 проценти од сегашната инсталирана снага на заменетите светилки, како и конкретна заштеда од 23.120.176 до 34.876.199 денари, велат од Општона Карпош.

Со реализација на овој проект, како што е наведено во соопштението, се отвора простор во наредниот временски период, целосно да се реши проблемот со функционирањето на јавното осветлување во општината, преку мониторинг и управување со потрошувачката на електрична енергија за улично осветлување, спортските и детските игралишта на вкупно 157 мерни места. – За таа цел ќе бидат поставени нови командни ормари со софистициран управувачки систем, нови ЛЕД светилки како и ново ожичување во самите столбови. Вкупната вредност на овој проект се планира да изнесува околу 120.000.000 денари, истакнуваат од Општина Карпош.

Оттаму посочуваат дека во 2023 година се планира промена на светилки во износ од 23.000.000 денари, во 2024-та за истата намена ќе бидат инвестирани 50.000.000 денари, а веќе наредната година, за промена на јавното осветлување ќе бидат потрошени 47.000.000 денари. Според предвидените временски рамки, проектот треба да започне во септември годинава, а конечно треба да биде имплементиран до крајот на март 2024 година.

По претходна дискусија, советниците дадоа поддршка за четиригодишната Локалната стратегија за млади на општина Карпош, за период од 2023 до 2027 година, а во таа насока го изгласаа и Акцискиот план за спроведување на Локалната стратегија за 2023 година. 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK