ноември 21, 2024

Здравата врска може да делува како обичен мит. Меѓутоа, доколку ви се познати клучните состојки на здравата врска постои можност да се претворат во реалност.

Таа не мора да биде само фантазија, туку може да стане и ваша реалност.

Комбинација на најдобар пријател и љубовник
Градењето моќен пријателски однос со некого е првиот чекор којшто ве води кон успешна врска. Пред да започнете да го набљудувате вашиот љубовник запрашајте се – дали тој ви е пријател? Колку поголем акцент ставите на пријателската основа на вашата врска, толку таа ќе биде постабилна.

Искреност и доверба
Искреноста е тешко да ја пронајдете, а довербата е тешко да ја задржите, но без нив врската е безнадежна. Не сакате да го доведувате во прашање секој негов потег, ниту да трпите секојдневни изливи на љубомора. Дури и малите бели лаги не би смееле да се најдат во вашата врска доколку сакате вашата врска да биде успешна.

Заемно почитување
Почитувањето е нешто што задолжително треба да биде во секоја врска, но тоа често се занемарува. Вие и вашата сакана личност мора да се почитувате еден со друг без оглед на некои работи. Почитувањето значи да ѝ дадете приватност на саканата личност и да ја почитувате кога сака да биде сама со своите мисли. Во секој поглед треба да се поддржувате еден со друг и да се трудите да бидете рамноправни.

Поврзаност
Не станува збор само за тоа да бидете лојални еден кон друг, иако тоа е исклучително важно, туку за тоа саканата личност да ви биде приоритет во животот. Доколку вашето момче не е на високо место на вашата листа на приоритети не очекувајте дека ќе имате квалитетна врска.

Кавги
Во секоја врска порано или подоцна ќе дојде до кавга. Тоа е целосно природно и неизбежно. Тоа секако не значи дека не се сакате еден со друг, туку дека мислењата не ви се исти. Меѓутоа, тоа што ја прави разликата е начинот на кој со некој влегувате во кавга. Дали се трудите да бидете фер во врската? Тоа е нешто што треба да го правите за истата да успее.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK