Вечерва на Фејсбук се огласи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по повод изнесените ставови на премиерот Димитар Ковачевски дека наредувал недолични напади против неговата сопруга и ќерка.
„Кога човек е слаб, немоќен и кукавица тогаш за да се прикаже жртва го вовлекува своето семејство. Денес на прес конференција Ковачевски ме обвини дека сум наредувал недолични напади врз неговата сопруга и неговата ќерка. Сите кои ме познаваат знаат дека тоа не е моја одлика, станува збор за безочна лага и навистина жалам што политичката комуникација се сведе на толку ниско ниво. Вво интерес на вистината го повикувам Ковачевски веднаш до обвинителство да достави докази и истите да ги покаже јавно, а доколку тоа е така како што тој тврди, јас веднаш се повлекувам од политиката. Доколку тоа не го стори многумина ќе очекуваат да го тужам и правдата за оваа лоша лага да ја барам на суд…, но тоа нема да го сторам…, овој човек што го вовлекува своето семејство не заслужува такво внимание, поради што и сум и вистински згрозен. – напиша Мицкоски.
The post Мицкоски: Ќе се повлечам од политиката доколку Ковачевски докаже дека сум наредувал недолични напади врз неговата ќерка appeared first on Шило Магазин.
Следете не, не има насекаде