Одлуката со која требаше да се продадат 932 метри квадратни државно земјиште за да се градат згради високи по 20 метри денеска беше повлечена од седницата на Советот на Општина Ѓорче Петров.
Со одлуката, по предлог на градоначалникот Александар Стојкоски беше предвидено да се продадат две парцели државно земјиште со почетна цена од 4 150 денари, или помалку од 70 евра, за таму да никнат две висококатници.
Повлекувањето на овој предлог доаѓа откако на социјалните мрежи револтирани граѓани се спротивставија на овој план очекувајќи од градоначалникот да ги оствари ветувањата за нови паркови, наместо да продава државно земјиште за згради, а некои од граѓаните се закануваа и со протести, со цел да се спасат парцелите кои се на главната улица непосредно пред населбата Дексион.
„Само протест од сите што го сакаат Ѓорче може да му го расипе планот на градоначалникот. Документирано нека покаже дека е желба на ѓорчепетровци за градење згради. Земјиштето е државно. Не се работи за негов имот, па да гради каде што ќе посака“ се вели во еден од коментарите на социјалните мрежи.
Следете не, не има насекаде