Прилепчанец се шетал со граната по Широк Сокак во Битола, информираат од СВР Битола од каде велат дека лицето е лишено од слобода, а гранатата одземена.
На 27.02.2023 во 09.45 часот на ул.„Широк Сокак“ во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода 53 годишно лице од Прилеп, со живеалиште во Битола, затоа што кај него била пронајдена и одземена артилериска граната калибар 75 мм од Првата светска војна. Гранатата била предадена во Дирекцијата за заштиата и спасување за понатамошна постапка, а лицето било приведено во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. – велат од МВР.
The post Прилепчанец се шетал со граната по Широк Сокак во Битола. appeared first on Шило Магазин.
Следете не, не има насекаде