ноември 23, 2024

„Ако пекарите не работат, а невестите не знаат, има евтини машинчиња, ем месат ем печат“ – социјалните мрежи се полни со коментари за состојбата со недостигот од леб во продавниците.

Вучиќ: Нема договор – Нема да го пуштам Косово во ОН, Курти нема да формира ЦСМ
АКО НЕМАТЕ ЛЕБ, ЈАДЕТЕ КОЛАЧИ – ЗДРУЖЕНИ ПЕКАРИ ВО БИЗНИС ИНТЕРЕСИ
Милески до австрискиот амбасадор кој се бунеше за дислокацијата на казината: Како не ти е срам го*нар еден?
TWITTER IS DOWN | Корисниците ширум светот пријавуваат проблеми со перформансите
Грција: Тридневна жалост поради железничката несреќа | Видео од лице место

На овој простор освен негодување од однесувањето на пекарите, се шират и рецепти за домашна подготовка на леб од сите видови брашно, како и модели и цени на пекачи.

АКО НЕМАТЕ ЛЕБ, ЈАДЕТЕ КОЛАЧИ – ЗДРУЖЕНИ ПЕКАРИ ВО БИЗНИС ИНТЕРЕСИ

Можеби навистина граѓаните ќе ги сменат навиките, па вруќиот леб наместо да го купуваат од фурна, ќе го вадат од рерната во својот дом. Зашто, утрово Македонија остана без бел и полубел леб, кој требаше да е со замрзната цена.

Пекарите не извршија испорака, односно ја реализираа заканата искажана во контекст на владината мерка. Некои специјализирани продавници се и сосема празни, нема никакви видови печива.

Продавачите, пак, во маркетите, уште вчера им сугерираа на купувачите во корпите да стават и леб. За секој случај. Иако, оние поскапите видови од најосновната намирница, се уште ги има на рафтовите.

Во „Службен весник“ број 44, со вчерашен датум, веќе се објавени владините одлуки – за определување највисока цена на одделни производи и за запирање на субвенционирањето на цената на струјата за прехранбениот сектор.

Ова беше сигналот кој го чекаа компаниите од пекарската индустрија. Како ќе постапуваат понатаму, допрва ќе се види. Засега, очигледен е револтот што го предизвикаа кај граѓаните, кои немаат разбирање за нивното однесување. Оттаму и апелот, и Владата да го исполни ветеното – да ја активира Пазарната инспекција.

ИЗВОР: ПАРИ.МК

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK