ноември 23, 2024

Пред да дадат било каков коментар во врска со приватните превозници, од ВМРО-ДПМНЕ би требало да го консултираат „шпицниот-рекетар” да објасни дали знаел каде одат парите кои се исплаќани на „Слобода Превоз” каде што директор е Ленин Јовановски и дали се користеле за приватни бизниси токму на личниот пријател на „шпицниот-рекетар” наместо да се исплаќаат во целост на приватните превозници?,одговараат од Град Скопје на соопштението на опозициската партија.

-Апелираме, ВМРО-ДПМНЕ да престане да се служи со лаги и со манипулации. Како што кажаа и превозниците на денешната прес-конференција, градот Скопје нема долг кон нив. Постојат тековни побарувања со ЈСП за кои е договорена нова динамика на исплата, како сите би имале сигурност дека овие пари завршуваат на вистинското место – директно кај превозниците, а не на приватни сметки на пријателот на „шпицниот-рекетар”. За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, чии советници од петни жили го бранеа приватниот интерес на Ленин Јовановски и „шпицниот рекетар”, никогаш повеќе нема да дозволиме, пари на граѓаните на Скопје да се трошат за лични бизниси и богатење на поединци. Нема да дозволиме поединци да се богатат со народни пари врз грбот на чесните превозници, велат од Градот Скопје.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK