Европската Унија (ЕУ) го усвои деветтиот пакет санкции против Русија.
Новите санкции вклучуваат ставање на црната листа на околу 200 поединци и субјекти и три банки, и ограничувања на инвестициите во рударството во Русија.
Ќе биде забранет и извозот на стоки со двојна употреба.
Амбасадорите од Комисијата на постојани претставници во ЕУ „начелно се договорија за пакетот санкции против Русија како дел од тековната поддршка на ЕУ за Украина.
Третиот пакет санкции против Русија договорен за време на чешкото претседателство со Советот на Европската Унија, треба да биде потврден преку писмена процедура денес“, објави на Твитер амбасадорката Едита Хрда, постојана претставничка на Чешката Република која претседава со Советот на ЕУ.
Следете не, не има насекаде