ноември 23, 2024

Во денешната епизода на Тешки муабети, претседателот на Интегра, Љупчо Ристовски истакна дека секаде кадешто доминантна е албанската заедница има хаос во финансиите на државата.

Не се собираат доволно даноци, нема фискални сметки, цвета сивата економија, вели Ристовски.

– Ние го собравме арачот од себе, од Макеоднците, но никогаш не успеавме да го собереме од албанската заедница. Јас не сум склон кон генерализација, веројатно и таму има чесни луѓе, но во најголем дел од западна Македонија има такви појави.

Мора тоа прашање еднаш засекогаш да се реши, колку и да звучи националистички, истакна Ристовски.

Уредникот на Инфомакс, Александар Митовски истакна дека не може да се генерализира затоа што статистички од 100 компании кои плаќаат најголема сума на ДДВ, од нив 30-40 се во сопственост на албански бизнисмени.

– Кај нас проблем е што не успеавме да воспоставиме државна контрола. За да не изгубат глас кај етничките заедници и заради конформизам партиите го газат законот кој сами го донеле, вели Митовски.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK