ноември 22, 2024

Руската стратешка авијација денеска изврши жесток ракетен напад врз украинската енергетска инфраструктура. Повеќе од 60 проектили беа лансирани кон украински цели од стратешки бомбардери и бродови на Црноморската флота, кои ги погодија целите.

На социјалните мрежи се појави видео за кое се претпоставува дека е преземено од патнички авион над Молдавија и на кое од голема височина е снимен моментот на ракетни напади на украинска територија.

This is how explosions in Ukraine look from a plane window in Moldova.

In some places planes are flying, and in some – rockets that kill people.

And it’s all not far away from each other.

: journalist of Fakty ICTV pic.twitter.com/kdS2PWZZGC

— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) December 16, 2022

Ова видео на Твитер го сподели Антон Герашченко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи.

„Вака изгледаат експлозиите во Украина снимени од прозорецот на авион во Молдавија.

На некои места летаат авиони, а на некои и ракети кои убиваат луѓе. И сето тоа не е далеку едно од друго, напиша Гарашченко.

Молдавија, првиот сосед на Украина, долго време е место каде и руски и украински ракети повремено паѓаат во пограничната зона. Самата земја е остро поделена на проевропски дел кој ја поддржува актуелната претседателка Маја Санда и проруски дел.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK