септември 28, 2024

Коњ бил влечен за возило во Скопје. Од снимката се гледа како животното паѓа откако автомобилот за кој е врзан вози брзо за да не направи гужва во сообраќајот. За момент, коњот паѓа, по што возилото застанува, а од него излегуваат тројца луѓе за да го кренат, по што продолжуваат да го влечат.
Најверојатно го учеа да дрифта“, пишува објавувачот на снимката.

Случајот предизвика лавина реакции и во јавноста.

„Не ни се излегува од дома веќе, кај и да тргнеш повредено куче, згазено, скапано на улица муво го јадат. Одиш по пат, кутриња еден куп трчаат гладни, мислат дека некој нешто ќе им даде (за возврат добиваат куршум нели ние сме див Запад), коњи заврзани за коли се влечат по улица, грозна е сликата да излезеш и прошеташ“, се вели во еден од коментарите.

„Страшно, жално, бездушни“, пишува во друг коментар под снимката.

Објавувачот посочува дека случајот е пријавен и во полиција.

„Се надевам дека ќе ги пронајдат“, пишува тој.ВИДЕО ТУКА

The post Граѓаните револтирани: Коњ влечен за автомобил во Скопје appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK