Панајотис Стафилос е млад човек кој ја преживеал железничката несреќа во Грција во која загинаа најмалку 50 лица. Овој млад човек имал билет за второто купе, но направил мала грешка – ги измешал бројките.
Спасовски: Интензивно работиме со МОН, сите заеднички да постапуваме за учениците да бидат безбедни и да се одвива наставата
ВЛЕЗЕ ВО ПОГРЕШЕН ВАГОН И ТОА МУ ГО СПАСИ ЖИВОТОТ! Овој млад човек ќе беше МРТОВ да седеше каде што МУ БЕШЕ КАРТАТА
КОВАЧЕВСКИ Е ОПТИМИСТ: Ние сме стабилна и безбедна дестинација, ги охрабрувам американските компании да инвестираат кај нас
ЗА ШТО ПЛАЌАМЕ ЗДРАВСТВЕНО? Во штипската болница има листа на чекање за операции
ЗАКАНИ ПО ЖИВОТОТ НА МЕСИ | ИСПУКАНИ 14 КУРШУМИ
ВЛЕЗЕ ВО ПОГРЕШЕН ВАГОН И ТОА МУ ГО СПАСИ ЖИВОТОТ! Овој млад човек ќе беше МРТОВ да седеше каде што МУ БЕШЕ КАРТАТА
Првиот и вториот вагон на возот се речиси целосно уништени во судирот со товарниот воз, изјави регионалниот гувернер. Овој млад човек, да седеше каде што треба, веројатно ќе беше мртов.
Петтиот вагон во кој случајно се наоѓало младото момче успеал да остане на патеките. Во интервју за Би-Би-Си, тој рече дека „можеби по чиста среќа или Господ“ не е меѓу повредените или загинатите во несреќата. Стафилос вели дека луѓето во неговиот воз биле загрижени по инцидентот и тој се обидел да им помогне и да ги смири.
„Прво ги скршивме прозорците, но немавме соодветни алатки за да го направиме тоа… па се обидовме да ја скршиме вратата“, рече тој.
На крајот пристигнала брза помош да им помогне. Стафилос вели дека возот доцнел околу 15 минути на станицата во Лариса пред судирот, но тој не размислувал многу за тоа во тоа време бидејќи доцнењето е вообичаено во Грција.
Следете не, не има насекаде