Кинезите создадоа алатка за бакнување преку интернет. Патентот за овој гаџет, познат и како Далечински бакнувач е на Институтот за мехатронска технологија во Чангжу (Changzhou Vocational Institute of Mechatronic Technology), а главен иноватор во неговиот развој бил Џијанг Жонгли.
За време на студирањето Жонгли бил во врска на далечина со девојката, па единствениот контакт со неа бил преку телефон. Тоа го инспирирало да развие силиконски усни, кои може да има физички контакт иако не се еден покрај друг.
„Бев во врска на далечина со девојка на факултет, па контактиравме само на телефон. Оттаму доаѓа инспирацијата за овој уред“, рече Жонгли.
Според „Си-ен-ен“, во вештачките усни станаа хит на кинеските социјални мрежи. На многумина им се интересни, а други се чудат и сметаат дека се страшни и вулгарни, особено за малолетници.
За да чувството биде пореално усните се опремени со сензори за притисок и актуатори, така што имитираат не само притисок и движење туку и топлина на усните, а може да се пренесат и звуците што ги испуштаат корисниците.
Пред бакнежот, треба да се преземе мобилната апликација, уредот да се поврзе со телефонот преку приклучок за полнење. Потоа корисниците треба да се поврзат со партнерот во таа апликација и да почнат видеопренос, односно да почнат да се бакнуваат со силиконски усни.
Видеозаписи со овие вештачки усни се прегледани стотици милиони пати на кинеските социјални мрежи во текот на изминатата недела, но не е познато колку луѓе одлучиле да ги купат. Цената на уредот е околу 41 долар.
The post Кинез направи алатка за бакнување преку интернет, идеална за паровите со врски на далечина appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде