Латиноамериканските палачинки од пченка се поразлични од оние на кои сме навикнале – слични се на тортиљите, а полни се со сирење.
Топено сирење во крцкави палачинки од пченка се специјалитет во Венецуела познат како „cachapas“.
Тоа се палачинки кои се подготвуваат од варена пченка, а слободно може да се послужите и со онаа од конзерва, но треба да знаете дека таквата е потечна, па ќе ви биде потребно помалку млеко (доколку користите).
Состојки:
400 грама варена пченка;2 лажици стопен путер;1 јајце;35 грама брашно;2 лажици шеќер;1 лажица сол;250 грама моцарела.
Подготовка на пченкарни палачинки:
Ставете ги сите состојки, освен моцарелата во блендер. Матете една минута додека не добиете смеса.Загрејте ја тавата и намачкајте ја малку со растително масло. Ставете од тестото и распоредете го во тавата.Пржете неколку минути додека на површината не се појават мали дупчиња, па превртете ја смесата. Пржете околу 2 минути и веднаш наполнете со сирење за малку да се стопи.Послужете!
На здравје!