октомври 3, 2024

Во Бејрут, Либан се одржа изборот за Мис на Европа за 2023гoдина. Моника Црнокрак од Скопје која ја освои титулата Мис Фотогеничност во конкуренција на 35 девојки, од исто толку европски држави.

Победничка, односно Мис на Европа е претставничката на Италија, а Прва придружничка е кандидатката од Русија.

“Во Либан поминавме прекрасни две недели со другите кандидатки од цела Европа во подготовки за големото финале, но и со многу забави, дружење и прошетки низ целиот Либан, кој на мене остави навистина фантастичен впечаток. Пресреќна сум поради титулата која ја освоив за мене, Македонија и Модното студио Црнокрак, ова e едно прекрасно искуство кое сигурно ќе го паметам цел живот”, ни рече за Репоретр Моника веднаш по финалето. Таа е ќерка на Светлана и Мики Црнокрак.

Изборот се одржа во театарската сала на Casino Du Liban во Бејрут, во организација на Aja Production од Либан, која традиционално веќе со години овој најголем европски избор за убавина го одржува во Бејрут. Модното студио Црнокрак, ја поседува лиценцата за нашата држава за овој најголем европски избор за убавина.

Извор:Репортер

The post Моника Црнокрак е најфотогенична жена во Европа на изборот за убавина во Бејрут appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK