Крешник Бектеши во Тема на денот на ТВ Сител, кажа дека откако ќе ги завршат анализите ќе ја информираат Владата и посочи дека ќе се анализираат сите производи наведени во одлуката на Владата за замрзнување на трговската маржа.
СЛЕДНАТА НЕДЕЛА ЌЕ ЗАМРЗНАТ ТЕСТЕНИНИТЕ И МЛЕЧНИТЕ ПРОИЗВОДИ?
Министерството за економија речиси ги заврши анализите за замрзнување на цените на дел од производите, особено за тестенините и млечните производи. До крајот на неделата или наредната недела ќе се носат одлуките, најави вечерва министерот за економија Крешник Бектеши.
Тој, во Тема на денот на телевизија Сител, кажа дека откако ќе ги завршат анализите ќе ја информираат Владата и посочи дека ќе се анализираат сите производи наведени во одлуката на Владата за замрзнување на трговската маржа.
Во однос на производителите на леб, Бектеши обвини дека токму тие компании кои излегоа на прес-конференција во понеделникот, продавале навечер леб по цена од 50 денари, работеле спротивно на законите, не давале ниту фискални сметки.
– Јас сум убеден и како Влада почнувајќи од премиерот, отпстапки никакви нема да има. Во делот на тужбата секој има право да тужи, демократска држава сме, но немало никаков притисок, а тие не знаат како да избегаат од тоа што го направија – рече Бектеши и ги повика институциите да направат контроли на „нечесните производители“.
Бектеши истакна дека додека е ова раководство во Министерството за економија, овие компании нема да можат да имаат средба со нив, бидејќи, како што кажа, „дента кога ја најавија мерката истите ја прекршија додека работеа на црно“.
Министерот најави дека ќе се укинат и субвенциите за електрична енергија кај јавните комунални претпријатија доколку сакаат да ја зголемат цената на водата.
– Ако продолжат тоа да го прават јас најавувам дека и за нив ќе се укине субвенционираната електрична енергија – рече Бектеши.
Следете не, не има насекаде