ноември 28, 2024

Џез музичарот Владимир Четкар овие денови ужива на плажа во Ливингстон, Гватамала. Тој објави фотографија како лежи во лежалка и напиша: „Без разлика каде сте најдобро е надвор од сезоната“.

Четкар неодамна имаше концерт во Мумбаи, Индија. Најава за неговиот концерт напиша и „Д тајм оф Индија/ Бомбај Тајмс“, најтиражниот, најчитаниот и најпродаваниот весник на англиски јазик во светот.

„Носењето на елементот на џезот во „муд индиго“, страста, енергијата и разновидните личности на Четкар ќе ве остават без зборови. Неговата способност да ги комбинира своите таленти како гитарист, композитор и продуцент целосно ќе ве воодушеви“, напиша престижниот весник.

The post Лулашка за Четкар и во море: пејачот се разголе на плажа во Гватамала appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK