октомври 14, 2024

Прва фотографија од ќерката Гаиа сподели Софија, сопругата на актерот Јаков Спасов. Фотографија како Јаков ја држи ќерка си во раце на стори на Инстаграм објави Софија.

„Не постои поголема среќа“, напиша на една од фотографиите Софија.

Актерот Драган Спасов Дац пред неколку дена на Фејсбук напиша за убава вест и тоа дека станал дедо на внуката Гаиа.

„Добре дојде на планетава внуко моја Гаиа“, напиша Дац.

Синот на Драган Спасов Дац, Јаков лани се ожени со својата девојка Софија. Тие немаа класична свадба туку направија журка на отворено.

За потсетување, Јаков се ожени еден месец откако неговиот татко направи свадба со Весна. Глумецот се венчаше на неговиот 59 роденден. Тогаш, неговата партнерка Весна, со која беше десет години во врска го изненади и му дојде со матичар во кафулето „Трибека“.

The post Не постои поголема среќа, вели синот на Дац и објави прва фотографија од ќерката Гаиа appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK