октомври 14, 2024

Почина бебето кое беше примено во тешка состојба на Детската клиника во Скопје. Се работи за деветмесечно бебе кај кое на почетокот постоеше сомневање дека белодробната слабост му е предизвикана од инфективната болест туберкулоза, но подоцна и се утрдило дека има туберколоза-Јавуа А1он

Како што објави А1он, дететото на Детската клиника во Скопје беше донесено на 24 февруари во тешка состојба, и беше итно префрлено од болницата Козле“. Како итен случај беше сместено во одделот за интезивна нега на детската клиника и беше ставено на машина.

Бебето беше интубирано и ставено на машина во сала во одделот за интезивна нега. Проблемот беше што во истиот тој оддел имаше уште 7 деца кои се најтешки случаи и се исто така поврзани на машини за одржување.

Туберкулозата е тешка заразна болест и родителите на децата беа згрижени на Детската клиника, стравуваа дека нивните и така болни деца, можат да се заразат и нивното здравје дополнително да биде влошено.

„А1он“ побара информации и од Детската клиника и доби потврда од директорката Стoјка Нацева-Фуштиќ дека таков пациент е примен но според неа не постоел никаков ризик за другите пациенти.

– Примено е деветмесечно бебе во живото-загрозувачка состојба и точно е дека добивме анамнестички податок дека мајката се лекувала од туберкулоза, но кај бебето нема никаква информација и не е докажано дека е болно од туберкулоза. Односно не постои за него медицинска документација дали белодробната – респираторна слабост која ја има се должи евентуално на туберкулоза, рече тогаш за А1он, Нацева-Фуштиќ.

Според директорката дури и да било детето заболено од туберкулоза, како што рече „нема никаков ризик за останатите пациенти или персонал иако бебето првично е примено и интубирано во одделот за интезивна нега каде лежат и други деца“.

– Прво да појасниме дека дури и да е болно од туберкулоза и да се заразило од својата мајка, бебињата не се преносители на оваа заразна болест. Тие не кашлаат и нема опасност од пренос на бацилите. Дополнително детето е сместено во посебна изолирана соба, за него се грижи една медицинска сестра која е опремена со сета заштитна опрема, маска, ракавици и слично. Значи детето е во посебна изолација и нема никаков ризик за другите пациенти и персонал, објасни тогаш д-р Нацева-Фуштиќ.
Извор:А1он

The post Почина бебето кое на Детска клиника беше примено со туберколоза appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK