октомври 14, 2024

Почина деветмесечното бебе кое на 24-ти февруари беше хоспитализирано на Детската клиника во Скопје во тешка здравствена состојба.

Бебето беше сомнително на туберкулоза и неухрането, односно тежело само 3 килограми, што е несоодветно за возраста.
Надлежните служби се уште проверуваат дали бебето било запоставувано.

Станува збор за предвремено родено бебе.
Во изминатите денови се бараа одговори и како се заразило со туберколоза.

Тоа беше изолирано при лекувањето, за што од Клиниката за детски болести објаснија дека за него се грижи посебен медицински тим.
Мајката беше исто така хоспитализирана, а нејзините други три малолетни деца беа во Детската клиника Козле на испитувања за туберколоза.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK