октомври 14, 2024

Познатиот американски комичар Пит Дејвидсон и неговата девојка Чејс Суи Вондерс имаа сообраќајка во саботата вечерата. Како што пренесе TMZ, двајцата со „Мерцедес“ удриле во куќа во Беверли Хилс.

Извори за TMZ рекоа дека Пит изгубил контрола и се качил на тротоар. Удрил во противпожарниот хидрант и на крајот завршил во една од куќите. По несреќата се гледале и трагите на тревникот кои ги оставил и малото оштетување на куќата.

Во несреќата нема повредени, а полицијата веднаш направила увид на местото. Како што пренесуваат медиумите Дејвидон не бил под влијание на алкохол и дрога, но истрагата сè уште е во тек. Наводно никој не ни бил уапсен на местото на несреќата. Ден претходно Пит со девојката беа на Хаваи.

 


The post Пит Дејвидсон имал сообраќајка, со автомобил удри во куќа во Беверли Хилс appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK