октомври 14, 2024

Двајцата убиени во нападот во бар во Старата скопска Чаршија се Јетон Кривањева и Енес Исени. Двајцата им подлегнале на повредите на местото на злосторството.

Неколку вооружени лица пришле на жртвите и почнале да пукаат во нив по што избегале вечерва околу 20:11 часот.

Според последните информации и трето лице кое не почина на местото на настанот, починало на пат кон болницата, додека едно лице без посериозни повреди и надвор од животна опасност е пуштено на домашно лекување.

Кривањева според повеќе медиуми на албански јазик од Македонија беше дел и од групата која беше цел на вооружен напад во скопскиот хотел Александар Палас во 2019-та година, објави Телма.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK