октомври 14, 2024

Министерството за внатрешни работи потврди дека вечерва се случило двојно убиство во Скопје.

Официјално, две лица се усмртени, а едно е повредено во пукањето кај Кале.
-Во 20.11 часот во СВР Скопје пријавено е дека во угостителски објект во Скопје неколку лица пукале кон Ј. К. и Е. И., кои починале на лице место, и кон А.Т., кој е пренесен во болница за укажување лекарска помош, велат од МВР.

Истакнуваат дека полициските екипи преземаат мерки за расчистување на случајот.
Неофицијални информации велат дека се работело за лица добро познати на криминалното подземје. За едниот од убиените, очевидци тврдат дека се работи за извесен криминален бос – Јетон викан Жила. Престрелката се случила, наводно поради претходно нерасчистени сметки.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK