мај 4, 2026

Американскиот милијадер и основач на „Мајкрософт“, Бил Гејтс стана дедо. Неговата ќерка Џенифер Гејтс објави дека добила ќерка.

„Ви испраќаме љубов од нашето здраво, мало семејство“, рече таа и објави фотографија од ќерка ѝ.

Џенифер во ноември минатата година со сопругот Најел Насар објави дека наскоро ќе станат родители. Објави и фотографија на која бремена позираше со сопругот. Двајцата се венчаа во октомври 2021 година, по четири години врска.

Рече дека ги спила љубовта кон јавањето, а венчавката ја направија на фарма во Вестчестер. Свршувачката ја објавија година дена претходно во 2020 година.


The post Бил Гејтс стана дедо, се породи ќерка му Џенифер appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK