октомври 14, 2024

Пејачот во „Ѕвездите на Гранд“ Немања Вуковиќ загина во понеделникот во сообраќајка на автопатот од Шид кон Белград во Србија. Медиумите пренесоа дека со автомобилот излетал од патот и удрил во заштитна ограда. По ударот излегол од автомобилот и почнал да оди по патот.

На него налетал автобус кој се движел во правец кон Бања Лука.

„Непосредно пред несреата, Немања доживеал незгода кога со автомобилот излетал од патот и удрил во заштитна ограда. Потоа, наводно излегол и се обидел да го премине патот и да дојде на лентата за спротивен правец, односно од Шид кон Белград“, рече извор запознат со истрагата, за српските медиуми.

Немања починал брзо по трагедијата. Смртта ја утврдил доктор од Итната помош кој со својот тим брзо дошол на место на несреќата. За потсетување, Немања е од местото Фоч во Босна и Херцеговина, а беше дел од „Ѕвездите на Гранд“ во 2019 година.

The post Пејачот Немања Вуковиќ од „Ѕвездите на Гранд“ загина во сообраќајка appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK