октомври 14, 2024

Сите ме прашуваат зошто не се селам од Македонија. Епа дојде моментот да разјасниме.

Ужасна политика? Да. Сиромаштија? Да. Неправда? Многу.

АДРИЈАНА ПОПОВИЌ: Сите ме прашуваат зошто не се селам од Македонија?

Ова е нашето секојдневие и факт е дека е катастрофално. Исто така мора да се соочиме со фактот дека оваа реалност нема да се промени сама од себе. Нема да се разбудиме едно утро во праведна држава со вистински вредности и слога меѓу народот. Бруталната вистина со која што мора да се соочиме е дека мора да излеземе од mindset-от “што се замараш”, “не зависи од нас” и слично, зашто на крајот од денот буквално зависи од нас.

Предолго интелектуалците се фокусираа на хедонизам и ја оставија политиката и одлуките на гладните и жедни мршојадци, време е да се разбудиме.

Македонија е преубава ако знаеш да го уклучиш мозокот и не се плашиш од предизвик.

Одбивам да ја предадам државата за 6 евра во McDonald’s во Германија само затоа што не сме биле доволно гласни. Тие ладни улици нема да ја заменат прегратката на баба ми, липите во април и мирисот на дом.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK