ноември 21, 2024

– Поранешниот најдобар светски тенисер, Британецот Енди Мареј, е добитник на овогодишната награда „Артур Еш“ за хуманитарна работа, а ја заслужи со својата посветеност за помош на украинските деца погодени од руската инвазија на нивната татковина.

Мареј за време на турнирот во Индијан Велс одлучи својата заработка од наградниот фонд да ја донира за помош на децата во Украина, а износот на крајот од турнирот достигна околу 630.000 долари.

„Куќите се бомбардирани, а семејствата иселени. Дечињата се погодени од оваа војна, многумина повредени, а некои и загинаа. Не бев сигурен како можам да помогнам, а потоа одлучив дека почнувајќи од Индијан Велс па натаму сите пари што ќе ги освојам на турнирите да ги донирам на УНИЦЕФ. Тоа ми даде дополнителна мотивација, се надевам дека уште некои играчи ќе се приклучат во собирањето донации“, рече Мареј.

Здружението на тениски професионалци и професионалки АТП и ВТА, како и Меѓународната тениска федерација и организаторите на четирите грен – слем турнири донираа 700.000 долари, додека Швајцарецот Роџер Федерер, кој неодамна се повлече од тенисот, донираше половина милион долари.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK