– Европската комисија ќе додели 185,9 милиони евра идната за да го поддржи земјоделското производство на квалитетни и одржливи прехранбени производи.
Ова е дел од работната програма на Европската комисија за 2023 година и на стратегијата “Од фарма до виљушка“.
Комисијата ќе селектира неколку проекти, од нив се очекува да ги исполнуваат условите и целите на одржливо земјоделство, благосостојба на животните и промоција на свежо овошје и зеленчук, како и на здрава исхрана.
Еврокомесарот за земјоделство, Јануш Војчеховски, изјави дека квалитетот на земјоделските прехранбени производи е од голема важноста за Европската комисија и дека политиката на поддршка ќе помогне во изнаоѓање на нови пазари и ширење на репутацијата на земјоделците.
Следете не, не има насекаде