Необична приказна ни доаѓа од Аргентина. Еден од најдобрите фудбалери на „гаучосите“, победникот на Светското првенство во 1978 година, Хозе Даниел Валенсија, одби да дојде во финалето на Мундијалот во Катар!
Покана која секој љубител на фудбалот со голема радост би ја прифатил, веднаш да ги спакува куферите и да одлета за Доха, овој славен Аргентинец едноставно ја одбил.
„ Мојот син не може да разбере зошто ја одбив поканата на ФИФА да го гледам финалето, но таков сум. Во 1978 година, не го ни допрев пехарот што го освоивме , а подоцна ми го дадоа медалот затоа што сакав прво да ја гушнам мајка ми. Не се согласив да играм за Реал Мадрид затоа што не сакав да заминам од Кордоба, моето семејство беше најважно “, изјави Валенсија, поранешен соиграч на Диего Армандо Марадона , пренесуваат локалните медиуми.
За Аргентина одигра 41 натпревар од 1975 до 1972 година, но сега повеќе сака да го гледа финалето во неговата Кордоба со семејството.
„Мојот син е од друга генерација, тој не ме разбира, но јас веќе го освоив Светското првенство, веќе патував многу и сега сакам да го гледам финалето со него, со сопругата и другите деца. Ако станете шампиони, сакам да ве гушнам но семејството ми е приоритет, така било секогаш “, изјави популарниот „Ел Рана“.
Неговиот син Даниел Валенсија Јуниор не ни криеше дека е шокиран од потегот на неговиот татко.
„Ова утро тато доби покана од ФИФА. Шокиран сум, за малку ќе му ја спакував торбата и ќе го однесев на аеродром. Но, тој не сака да оди. Тој е различен тип. Неговиот одговор беше дека ја цени поканата, но не може да присуствува бидејќи има обврски. Не можам да го опишам мојот гнев, тоа е местото каде што сите сакаме да бидеме“, изјави наследникот на славниот фудбалер.
Следете не, не има насекаде