ноември 21, 2024

– Активисти кои се борат против климатските промени денеска фрлија боја на влезот на операта Миланска скала во пресрет на отворањето на новата сезона, соопшти италијанската полиција.

Од полицијата додаваат дека по инцидентот се приведени пет лица и дека соодветните служби ја отстраниле бојата од влезот на театарот.

Одговорноста за акцијата во Милано ја презеде движењето „Последна генерација“.

Во текот на минатиот месец, истата група фрли супа врз „Сончогледи“ на холандскиот сликар Винсент Ван Гог во Рим, фрли црна течност врз „Смрт и живот“ на австрискиот сликар Густав Климт во Виена и фрли брашно врз спортскиот автомобил БМВ М1 979, насликан од американскиот поп уметник Енди Ворхол, кој беше изложен во Милано.

Активистите кои се борат против климатските промени организираа протести низ Европа во последните месеци, а музеите и уметничките дела често беа цел на нападите. 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK