октомври 6, 2024

Ќофтињата спаѓаат во омилените јадења на нашите простори, а покрај вообичаените варијанти од мелено месо, може да ги направите и од зеленчук.

Поради тоа што содржат јајца, овие ќофтиња не се посни, но секако дека се одлично решение кога не знаете што да си подготвите за ручек.

Состојки:

2 тиквички;2 јајца;2 чешниња лук;Масло по потреба;200 грама брашно;1 лажичка прашок за печиво;Сол, бибер, магдонос, суви зачини по вкус.

Подготовка:

Изрендајте ги тиквичките на крупно, па посолете ги и ставете ги на хартија, па исцедете ги од вишокот вода.Во чинија потоа додадете брашно, јајца, прашок за печиво, зачини по вкус и ситно рендан лук.Оставете да отстојат 20-на минути, па со лажица вадете од смесата и обликувајте ќофтиња.Пржете во добро загреано масло за јадење додека не заруменат, па оставете ги на хартија за да не бидат многу мрсни.Послужете ги со зелка салата, свежа краставичка или пиперка.Пријатно јадење!

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK