октомври 6, 2024

На 11.03.2023 во 15:15 часот на магистралниот пат А2 Охрид-Кичево кај селото Горенци, патничко моторно возило „хонда“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(69) од Охрид излетало од коловозот.

По несреќата, возачот Б.С. и сопатничката М.С.(72) од Охрид биле пренесени во болницата „Св.Еразмо“ каде од лекар им биле констатирани тешки телесни повреди, но при транспорт на сопатничката М.С. кон Комплекс клиники „Мајка Тереза“, таа им подлегнала на повредите и од лекар од итна медицинска помош била констатирана смрт.

По наредба на Јавен обвинител врз телото ќе се врши обдукција. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид, соопшти Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

The post Сообраќајката кај Горенци-Охрид, фатална за сопатничката appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK