октомври 6, 2024

Холивудскиот глумец Роберт Дауни Џуниор. (57) сподели видео во кое зборува за тоа како може да управува со своите инетрнет податоци. Но, она што на фановите во прв поглед им падна чудно е неговиот изглед. Велат дека наеднаш како да остарел и дека никогаш не изгледал постаро.

Видно ослабен и со нов имиџ со избричена глава, многумина коментираат дека не изгледа за години кои ги има.

„Мојот херој од детството остаре. Нашиот железен човек е подложен на возраста. Кога успеа да остаре толку. Целиот е ослабен“, биле само некои од коментарите. Имаше и такви кои застанаа во негова одбрана, па ги нападнаа другите коментирајќи дека сите еден ден ќе остареме.

„Неговото здравје е и негов дух, тој сепак е истиот Роберт, како што сите го знаеме и сакаме“, коментираше една жена.

Дел од фановите му напишаа дека им недостига неговата глума во филмовите на „Марвел“ и го замолија да се врати како „Железниот човек“.

За потсетување, Роберт се прослави со улогата на „Железниот човек“ во филмовите на „Марвел“, а по долга серија години реши да се откаже од таа улога, по што разочара голем број од неговите фанови.

The post Роберт Дауни Џуниор ги загрижи фановите: Никогаш не изгледал постаро appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK